Одбојкарите против Летонија за втор успех во Сребрената Европска лига

Македонската одбојкарска репрезентација денеска против Летонија (18.40 часот), во гости го игра вториот натпревар од групниот сегмент во Сребрената Европска лига. Нашиот национален тим, прелиминарниот сегмент го отвори со победата против Косово во неделата. И Летонците почнаа со триумф, изненадувачки беа подобри од Австрија на гостински терен.

„Триумфот на Летонија над Австрија за мене е големо изненадување, а тоа е и обврска за нас да одиграме добро во Рига и да се обидеме да победиме“ – вели во пресрет на натпреварот, капитенот на македонската репрезентација, Никола Ѓоргиев. Тој ја предводеше екипата кон пресвртот против Косово отако домаќините успеаја да го добијат воведниот сет.

За нашата репрезентација, натпреварите во групата немаат вистинско резултатско значење бидејки не брка пласман на завршниот турнир на четирите најдобри екипи со оглед дека на 15 и 16 јуни ќе бидеме домаќини на Ф4-турнирот.

Првиот домашен натпревар, најдобрите македонски одбојкари ќе го одиграат в недела, против Австрија.

Македонската репрезентација летово има и предизвик во квлафикациите за Европското првенство во 2019 година, тие натпревари ќе ги почне во август.

 

Се вчитува...