Одбојкарската репрезентација на Македонија денеска во Осиек против Шпанија ќе го одигра последниот натпревар од годинашното издание на второто по ранг одбојкарско натпреварување Европската златна лига.
Популарните „спартанци“ имаа солиден настап во ова издание иако досега забележаа само една победа (Азербејџан). Два натпревари против фаворизирани екипи како Белгија и Хрватска ги изгубивме несреќно во петти сет, а вечерва против Шпанија ќе имаме шанса за нов добар натпревар и обид за нова сензација.
По завршувањето на Европската лига мислите се насочуваат на квалификациите за Европското првенство каде во август месец ќе одиграме два натпревари на гостински терен против Грузија (17/18 август) и на домашен терен против Грција (28. август).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА