Одбојкарската репрезентација на Македонија со 3-0 славеше на гостувањето во БИХ во последното коло од Сребрената лига, и сега го чекаат исходот од дуелот Романија – Албанија, за да се пласираат во полуфиналето.
Македонија во првиот сет имаше проблеми само на почетокот кога Босанците поведоа, но не повеќе од два разлика, а потоа доминација на Македонија за конечни 21-25. Вториот сет заврши со идентичен резултат, само што Македонија уште од почетокот го презеде водството.
Во третиот сет се случуваа многу пресврти, а при 15-15, два пати серија од три поени за 17-22. Се чини тука се „кршеше“ резултатот, па „спартанците“ до крајот го задржаа водството за 25-20 и конечен триумф од 3-0.
Сега потребна е победа на Романија над Албанија од 3-0 или 3-1, за да се пласираме на второто место кое носи полуфинале во Сребрената европска лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА