Одбојкарите со пораз од Италија го завршија настапот на МИ

Машката македонска одбојкарска репрезентација го заврши настапот на Медитеранските игри кои се одржуваат во алжирскиот град Оран. Одбојкарите по вчерашниот пораз од Египет денеска во 2. коло групата А беа поразени од фаворитот Италија со максимални 3-0, по сетови 25-19, 25-16 и 25-23.

Првите два сета Италијанците ги добија без многу мака, а нашите одбојкари единствено отпор пружија во последниот сет, во кој голем дел имаа и водство, но во финишот доживеаја пад кој го искористи големиот фаворит за втора победа на турнирот.

 

Се вчитува...