Машката сениорска репрезентација на Македонија загуби со 1-3 (25-23, 15-25, 24-26, 23-25) од Швајцарија на отворањето на 49. издание на меморијалниот меѓународен турнир “Бранко Хаџииљоски – Чајка”.
Македонија и Швајцарија одиграа интересен натпревар, полн со пресврти, во кој одлучуваа нијанси во најголем дел од средбата.
Како клучно за поразот се покажа третиот сет во кој македонските репрезентативци имаа водство од 24-22, но не успеаја да искористат две сет топки. До серија од 0-4 гостите дојдоа до 24-26 и предност од 1-2 во сетови.
Македонија утре има слободен ден, додека во вториот натпревар на меморијалот ќе се соочат Бугарија и Швајцарија од 19 часот. На последниот натпревар в четврток од 19 часот, Македонија ќе игра со Бугарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА





















