Одбојкарите со пораз од Украина го завршија настапот во Златната лига (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Одбојкарската репрезентација на Македонија со пораз од Украина на домашен терен со максимални 3-0, по сетови 18-25, 24-26 и 23-25 го завршиот настапот во годинашното издание на Европската златна лига.

Украинците подобро го отворија натпреварот и без никакви проблеми го освоија првиот сет со 18-25. Избраниците на Јошко Миленковски може да жалат што не успеаја да израмнат на 1-1, откако во вториот сет имаа предност од 20-14 во еден момент, а на крајот го загубија со 24-26. Последниот сет Украина го доби со 23-25 и славеше со конечни 0-3.

Македонските одбојкари сега се насочуваат кон подготовките за Европското првенство на кое ќе бидеме домаќини на крајот на месец август.

Никола Ѓоргиев со 15 поени повторно беше најдобар поединец во нашиот тим.

 

Се вчитува...