Одбојкарската репрезентација на Македонија со убедлива победа го почна настапот на 45. издание на меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ кој претставува финална подготовка пред настапот на Европското првенство.
Ибзраниците на Душко Николиќ лесно се справија со Црна Гора славејќи во три сета, со 25-21, 28-26 и 25-19.
Иако, навидум израмнети сетови низ кои Црногорците парираа до секој поединечно, сепак македонските одбојкари далеку поискусно со рутина доаѓаа во финишот на секој сет до победа.
Најдобар во македонската селекција беше Никола Ѓорѓиев со 16 поени, пред Љафтов со 13 поени а Милев заврши со девет поени. Маџунков имаше шест а Николов пет поени. Кај Црна Гора најдобри беа Чулафиќ и Чачиќ со по 14 поени.
Утре, исто така од 20 часот, Македонија ќе игра уште против Словачка. Израел поради позитивни случаи на Ковид-19 веднаш го напушти Скопје па откажан е меѓусебниот натпревар првично предвиден за сабота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА