Одбојкарската репрезентација на Македонија утрово тргна на пат за Италија, каде нашите одбојкари в сабота ќе го одиграат осминафиналниот меч од Европското првенство.
„Црвено-жолтите“ остварија историски успех со пласманот на четвртото место во групата во Скопје, со кое за првпат стигнаа и до нокаут-фазата на еден европски шампионат.
Во арената во Бари ги очекува пресметка со моќната Италија (сабота, 18 часот), меч на кој противникот ќе биде апсолутен фаворит, но во кој нашите одбојкари треба да уживаат во дуел во кој немаат што да загубат, против една од најдобрите репрезентации на денешницата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА