Македонската одбојкарска репрезентација доживеа убедлив пораз од Украина со 3-0 на стартот од натпреварите во Европската златна лига.
Македонија не успеа да парира на помоќната Украина на натпреварот кој се одигра во Лоѓ, Полска, доживувајќи пораз во три сета.
Првиот сет македонските одбојкари го загубија со 25-21, во вториот загубија со 25-22, а во третиот беа комплетно „скршени“ дозволувајќи Украинците да го добијат со убедливи 25-11.
Во вториот натпревар од коло Белгија ја победи Хрватска со 3-1. Во второто коло од Европската златна лига Македонија во Скопје на 31. мај ја пречекува селекцијата на Белгија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА