Одбојкарите вечерва во Струмица ја почнуваат Европската златна лига: Прво на мегдан со Естонија!

Македонската одбојкарска репрезентација денеска во салата „Парк“ во Струмица од 20:15 часот го игра првиот натпревар од Европската златна лига против Естонија.

На првиот турнир од ова натпреварување кое до недела ќе се игра во Струмица, Македонија ја очекува уште и дуелот против Чепка закажан за в недела (19. мај) од 20:15 часот.

За избраниците на новиот селектор Хари Наковски, Европската златна лига треба да биде еден вид загревање за двата квалификациски натпревари ова лето за пласман на следното Европско првенство кое според новиот календар на ЦЕВ, ќе биде организирано во 2026 година.

Македонија во квалификациите за ЕП 2026 е во група со Грузија и со Грција. Според квалификациската програма во август гостуваме на Грузијците а на домашен терен ги пречекуваме Грците. Македонските одбојкари ќе се обидат да дојдат до четврти едноподруго настап на собирот на најдобрите на Стариот континент.

 

Се вчитува...