Одбојкарите влегуваат во фазата на контроли, прв тест Романија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската одбојкарска репрезентација ја комплетираше фазата од подготовките во Маврово. Националниот тим денеска е во Скопје, а веќе утре патува за Крајова каде што ќе одигра двомеч со репpезентацијата на Романија. Дуелите со романската репрезентација е почeток на фазата со контролни натпревари. Во неа по враќањето од Крајова следуваат два меча против Шведска, а потоа е настапот на турнирот „Чајка“ на кој нашата селекција ќе се соочи со репрезентациите на Белгија, Бугарија и на Украина. Потоа следува уште еден двомеч, но на гостински терен во Австрија како последна проверка пред Европскиот шампионат.

Дуелите со Австријците ќе бидат последни контроли пред настапот на Европското првенство во Словенија. Македонската репрезентација во дебитантскиот настап на Европско првенство, првиот дуел од прелиминарниот сегмент ќе го одигра против репрезентацијата на Финска на 12 септември, а потоа во конкуренцијата во Љубљана ќе се соочи и со Белорусија, Турција, Русија и со домаќинот Словенија.

На патувањето за Романија во експедицијата ќе биде и Александар Милков. Иако првичните најави беа дека тој заедно со Марко Стошиќ останува во Скопје, сепак искусниот репрезентативец ќе оди за Крајова, но нема да биде дел од списокот играчи за двомечот со Романија.

 

 

 

Се вчитува...