Македонската одбојкарска репрезентација ќе игра против должникот Украина, како и против селекциите на Унгарија и на Швајцарија, во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2019 година. Нашите одбојкари при ждребот беа сместени во групата Ф, и ќе имаат можност да и се ‘одмаздат’ на Украина, која ги совлада во финалето на Европската лига.
Следното Европско првенство ќе биде со 24 репрезентации, а 12 места се веќе пополнети, а останатите 12 ќе се добијат низ текот на квалификациите. Франција, Холандија, Словенија и Белгија како домаќини се автоматски квалификувани, а покрај нив нема потреба да играат квалификации уште осум други репрезентации, Русија, Германија, Србија, Италија, Бугарија, Чешка, Полска и Турција, кои се пласирани според досегашниот рејтинг.
Од седумте квалификациски групи, пласман на ЕП 2019 ќе изборат првопласираните селекции од секоја група, како и најдобрите пет второпласирани репрезентации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА