Одбојкарите во Лоѓ против Украина ја почнуваат Европската златна лига, девојките против Австрија во Скопје во Сребрената лига!

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија денеска против Украина во Лоѓ, Полска, ги почнува своите натпревари во Европската златна лига.

Селекторот Јошко Миленкоски е задоволен како минаа подготовките пред новите предизвици, нагласувајќи дека секој во тимот е подготвен да го даде максимумот за успешни настапи во лигата која ќе биде еден вид загревање за Европското првенство кое Македонија ја очекува во август и во септември во Скопје.

Натпреварот против Украинците се игра денеска од 19 часот.

Украина – МАКЕДОНИЈА (денеска, 19 ч.)
МАКЕДОНИЈА – Белгија (31-ми мај)
МАКЕДОНИЈА – Хрватска (3-ти јуни)
Белгија – МАКЕДОНИЈА (10-ти јуни)
Хрватска – МАКЕДОНИЈА (14-ти јуни)
МАКЕДОНИЈА – Украина (18-ти јуни)

Женската одбојкарска репрезентација, пак, се враќа на европската сцена со шест натпревари во Европската сребрена лига. Селекторот Стефан Пауновиќ го одработи планираното, а фактот што Македонија ќе биде домаќин на првите три средби е олеснителна околност пред трите гостувања едноподруго.

ЕВРОПСКА СРЕБРЕНА ЛИГА – ГРУПА А
МАКЕДОНИЈА – Австрија (денеска, 20:15 ч – арена „Борис Трајковски“ – Скопје)
МАКЕДОНИЈА – Летонија (31-ви мај)
МАКЕДОНИЈА – Естонија (3-ти јуни)
Естонија – МАКЕДОНИЈА (10-ти јуни)
Летонија – МАКЕДОНИЈА (14-ти јуни)
Австрија – МАКЕДОНИЈА (17-ти јуни)

Се вчитува...