Македонската одбојкарска репрезентативка Софија Ричлиева својата кариера ќе ја продолжи во редовите на турскиот гигант Бешикташ.
18-годишната Ричлиева, која игра на позицијата техничар, досега во својата кариера има настапувано за Македонија Макс, Волеј, Рим Италија, Орду и Бујукчекмече во Турција. Сега се одлучи за трансфер во редовите на еден од најдобрите турски клубови.
Бешикташ минатата сезона заврши на петтото место во најсилната женска одбојкарска лига на светот, па во новата ќе игра и во Челинџ купот на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА