Одбојкарките на Фит фан Волеј во кадетската конкуренција викендов одиграа пријателски натпревар со соодветниот тим на Партизан во Белград.
Во насока на продолабочување на соработката меѓу двата тима беше реализирано гостувањето на македонскиот тим во Србија каде беа одмерени силите со силниот белградски состав. Младите одбојкарки на Фит фан Волеј одиграа квалитетен дуел кој на крајот несреќно го загубија во пет сета (3-2). Но, сосема е јасно дека и во случајот резултатот беше најмалку важен.
И двата тима договорија идна меѓусебна средба и во Македонија наредниот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА