Македонската женска одбојкарска репрезентација со гостувањето против Естонија денеска од 15 часот ги продолжува своите натпревари во Европската сребрена лига.
Македонските девојки на трите домашни дуели досега во лигата забележаа три порази, но сите тие се едно ново искуство за новата генерација на враќањето на европската сцена.
Желбата е позитивно издание денеска против големиот фаворит Естонија која по трите кола е на врвот од табелата во нашата група со три победи.
„Работевме доста анализи, што досега не било практика кај нас, за изминатите натпревари. Сега мислам дека нашите девојки знаат повеќе што се бара и очекува од нив, и верувам дека на следните натпревари ќе не израдуваат и со освоен сет. Македонија долго време не беше на европската сцена во женската одбојка, ова е наша нова генерација која во иднина треба да расте во континуитет. Сакаме девојчињата да се опуштат на следните три натпревари во лигата и да го дадат најдоброто од себе како би стекнале ново и ново искуство“ – вели Бранка Каленикова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА