Одбојкарките на мегдан против Грција во Солун во квалификациите за ЕП 2026

Македонските одбојкарки денеска во Солун ќе го одиграат вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2026.

Противник на избраничките на селекторот Стефан Пауновиќ e селекцијата на Грција која во денешниот дуел влегува со победа во три сета над Австрија, која, пак, беше поуспешна од нас пред осум дена во Скопје со истиот резултат.

Тоа зборува доволно за квалитетот на репрезентациите во групата Ф, поради што Македонија може да одигра без поголемо резултатско оптоварување, а со тоа да покаже дека напредува секоја година со оглед на зголемените активности и на долгите периоди за работа на националниот состав.

Натпреварот Грција – Македонија се игра од 19:30 часот во спортскиот центар „Микра“ во Солун.

Се вчитува...