Одбојкарките на Наковски волеј загубија од чешка Острава во првиот меч од Челинџ купот на ЦЕВ

Првиот македонски претставник во Челинџ купот на ЦЕВ, екипата на Наковски волеј загуби од чешка Острава со 3-0 (25-13, 25-9, 25-10) во првиот меч од квалификациите во ова европско клупско натпреварување.

Противникот се покажа како пресилен и поискусен состав за дебитантскиот тим на Наковски Волеј.

Репрезентативката Лиља Ковачевиќ беше најефикасна со седум поени во редовите на струмичкиот тим, додека Мила Долдурова, Ивана Милева и Ива Стојковска реализираа по четири поени.

Реваншот се игра на 5 ноември во салата „Парк“ во Струмица.

Се вчитува...