Одбојкарките на Пелистер волеј нови шампионки во пионерска конкуренција

Одбојкарките на Пелистер волеј се нови шампионки на Македонија во пионерска конкуренција.

Во големото финале на Ф4 турнирот, битолчанки славеа доминантно против екипата на Вардар од Скопје со 3-1, по сетови 22-25, 25-19, 25-16 и 25-21.

„Вардарки“ успеаја единствено да парираат во првиот сет кој го добија со 25-22, а се понатаму на натпреварот беше во знакот на одбојкарките на Пелистер волеј. Во вториот и третиот сет Пелистер заигра убедливо и во ниту еден момент не беше доведен под знак прашање победникот во сетовите.

Во четвртиот одлучувачки сет се играше буквално поен за поен. Вардар имаше и водство од 18-14, но во финишот со одлична игра Пелистер волеј сосема заслужено стигна до победата за осигурување на шампионската титула.

Се вчитува...