Екипата на Работнички ја одбрани титулата во Купот на Македонија во женска конкуренција. Одбојкарките на Работнички во финалето во Радовиш славеа над Наковски Волеј со 3-1 во сетови (23-25, 25-18, 30-28, 25-16).
И покрај тоа што Наковски Волеј го доби првиот сет, сепак, Работнички на крајот доби три сета по ред за нов трофеј. Клучен за одбраната на пехарот беше третиот сет кој го добија со 30-28 после голема борба.
Стојанова беше најдобра на теренот и реализираше 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА