Одбојкарките на Работнички Скопје ќе ја бранат шампионската титула во Првата женска лига. Пласманот во финалето девојките на Душко Деспотовски го потврдија откако во „мајсторката“ од полуфиналето на плеј-офот со 3-0 (25-17, 25-23, 25-23) го совладаа тимот на Наковски Волеј. Со вкупен резултат 2-1 во победи скопскиот тим ќе атакува на нова шампионска круна.
За разлика од претходните два натпревари од серијата кога победникот беше познат дури по пет сета, во третото соочување во „Борис Трајковски“, Работнички Скопје презентираше шампионски менталитет. Влезе сигурно и решително во дуелот, во кој немаше поправен. Наковски Волеј, иако се обидуваше да возврати и да остане во мечот, но не најде соодветен одговор за мотивираниот ривал.
Работнички Скопје во финалето ќе се соочи со Јанта Волеј КВ, кој со 2-0 во победи го елиминираше Фит Фан Волеј.
Финалната серија кај дамите стартува на 26 април (сабота) и се игра во три добиени натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА