Одбојкарките на Работнички ги завршија настапите во Купот на ЦЕВ откако и вечерва загубија од романскиот тим Алба Блај, и со тоа беа елиминирани во 1/16 финалето од ова натпреварување.
Работнички загуби со максимални 0-3 (во сетови 14-25, 11-25 и 11-25), за елиминација од натпреварувањето од фаворитот пред овој меч.
Багалковска со шест, и Милевска и Ѓурѓевиќ со по четири поени беа најдобрите одбојкарки за составот на Работнички.
Во првиот натпревар Романките исто така беа убедливи и победија со 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА