Македонската женска одбајкарска репрезентација загуби од Босна и Херцеговина со 3-0 (25-19, 25-14, 25-19), исход со кој Балканијадата ја завршија на шестата позиција. „Црвено-жолтите“ забележаа скор од три порази и една победа.
Репрезентацијата на Србија е нов балкански првак до 17 години, која во финалето со 3-1 славеше над Бугарија. Бронзата им припадна на одбојкарките од Турција, кои во малото финале со 3-0 извојуваа победа над Романија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА