Македонската женска кадетска одбојкарска репрезентација со пораз од Бугарија (3-0) го заврши денеска настапот во групната фаза на Балканското првенство во Тирана.
Македонските одбојкарки освоија по 14 поени во воведните два сета, а противникот го освои третиот сет со 25-11. Најдобра во македонските редови беше Андротеа Милевска со шест освоени поени.
Со овој пораз македонските одбојкарки со завршија настапот во групата А на третото место и в сабота ќе играат за пласман на петтото место против Црна Гора, како третопласираната селекција во групата Б.
Избраничките на селекторот Александар Митев во воведното коло триумфираа над Албанија со 3-1, а во второто коло претрпеа пораз од Романија со 3-0 во сетови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА