Втора победа за најдобрите македонски одбојкарки во ЦЕВ Европската Сребрена лига 2025! Македонија со 3-0 (25-11, 25-21, 25-16) го победи домаќинот Фарски Острови на почетокот на вториот турнир од годинешното издание.
Најавија нашите репрезентативки дека Фарски Острови е ривал со кој може да се надигруваат и се надеваа на позитивен резултат, но оставија тоа да го потврдат на теренот. Селекторот Стефан Пауновиќ ги искористи сите 12 одбојкарки кои ги имаше на располагање, и сите соодветно одговорија на задачата.
Македонија нападна со добар сервис (вкупно девет ас сервиси), но во прилог и одеа и големиот број на технички грешки на противникот. Делувавме стабилно и во полето и на мрежата, предводени од Теа Терзиевска и Ана Фасулева кои постигнаа по девет поени, Тамара Стојанова реализираше седум, додека Ана Павловска имаше пет поени.
Македонија утре во 17 часот го игра вториот натпревар во вториот викенд, кога ќе ги измери силите со Австрија, која важи за фаворит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

