Меѓународните трансфери на македонските одбојкари продолжуваат со Давид Стојанов, 19-годишниот техничар кој својата кариера ќе ја продолжи во Словенија како член на екипата на Шоштањ.
Станува збор за играч кој е младински репрезентативец на Македонија, кој долги години го носеше дресот на Вардар, а ланската сезона ја финишираше како член на Тетово.
„За мене претставува големо задоволство што меѓународната кариера ја почнувам Словенија, земја каде што одбојката многу се цени, што сигурно ќе биде важно за мојот одбојкарски развој. За клубот Шоштањ слушнав само позитивни работи, искрено сум пресреќен што доаѓам во оваа екипа“, изјави Стојанов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА