Чешка го приреди најголемото изненадување во осминафиналето од одбојкарскиот европски шампионат откако го декласираше големиот фаворит Франција со 3-0 во сетови.
Чесите тргнаа доминантно во мечот, стигнаа до „плус шест“ во првиот сет, но Франција успеа да се врати и да се приближи. Нгапет не искористи смеч за израмнување, по што Чешка го доби сетот со 25-22. Охрабрени и бодрени од навивачите, чешките одбојкари супериорно го одиграа вториот сет, победувајќи со 25-19.
Третиот сет донесе епска битка во која Французите не искористија неколку шанси да намалат на 2-1, по што Чешка славеше со 34-32.
Следен ривал на Чешка ќе биде селекцијата на Словенија, која денеска славеше против Хрватска со 3-1 во сетови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА