Одбојкарската федерација на Македонија и Скопје домаќини на 156 тренери од цела Европа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Одбојкарската федерација на Македонија во соработка со ЦЕВ викендов е домаќин на 156 тренери од цела Европа на годишната Европска конвенција на најдобрите одбојкарски тренери.

На собирот во Скопје има 156 учесници од 43 европски држави на кој, покрај семинарот за тренерите, се разгледуваа и сите перспективи за развој на одбојкарската игра во светот.

Предавачи на семинарот се Џон Кесел од САД, член на Куќата на славни на САД и почесен претседател на тренерската асоцијација на САД, како и Кити Понг од Тајланд, селектор на женската одбојкарска репрезентација на Тајланд кој е со шампионски титули во три различни држави, Кина, Азербејџан и Тајланд.

 

Се вчитува...