Одбојкарската федерација со благодарност за Горан Пандев за гостопримството во Струмица (ФОТО)

Одбојкарската федерација на Македонија упати благодарност до нашата фудбалска легенда Горан Пандев, за несебичната поддршка на женскиот и машкиот одбојкарски национален тим на Македонија во изминатиов период, за време на настапите на националните тимови во Европските лиги на ЦЕВ.

Хотелот ‘Горан Пандев’ во Струмица беше домаќин на најдобрите одбојкарски селекции на Македонија изминатиов месец, а Пандев ги следеше и настапите на македонската одбојкарска репрезентација изминативе денови.

„Благодариме што хотелот ‘Горан Пандев’ беше дом далеку од дома за нашите репрезентативци и што е дел од нашата убава спортска приказна!“ – порачаа од Одбојкарската федерација на Македонија.

Се вчитува...