Бразилецот Едерсон уште еднаш покажа зошто е супер-засилување за Манчестер сити откако блесна во клучните моменти од дербито на „Олд трафорд“.
Имено, Јунајтед се најде на чекор до израмнување откако Марсијал прекрасно го проигра Лукаку, но голманот на Сити извонредно го одбрани ударот на Белгиецот. Топката беше кратко одбиена, на неа натрча Хуан Мата, но голманот на „граѓаните“ успеа да стане и да го запре и неговиот обид, на начин како што Давид де Хеа ги доведуваше во лудило фудбалерите на Арсенал на минатонеделното дерби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА