Симон Мињоле во бројни наврати во последните сезони бил трагичар на Ливерпул, но белгискиот голман брани одлично во изминатите неколку кола. Доказ за тоа е и извонредната интервенција во финишот од денешното гостување против Стоук, непосредно по водечкиот гол на Кутињо, кога домашните фанови ја видоа топката во мрежата по ударот на Берахино но голманот на Ливерпул фантастично интервенираше.
„Тој бранеше одлично цел меч, но онаа последна интервенција, тоа е една од најдобрите одбрани што ја имам видено во животот“ – го пофали Јирген Клоп својот голман по натпреварот.
Here’s Mignolet’s huge match-winning save pic.twitter.com/CpbOX4eM5R
— Abdi (@AbdiFooty) April 8, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА