Одбраната на Вардар „не постои“ во Битола: Е.Пелистер има предност од 9 голови на полувреме

По првиот дел на ракометното дерби во Битола, ракометарите на Еурофарм Пелистер имаат доминација и водат со убедливи 22-13. Ова водство е пред се поради катастрофалната одбрана на Вардар, која „не постои“ по првиот дел. Премногу лесно домашните доаѓаа до гостинскиот гол.

Седум гола на Кузмановски со кој беше најефикасен по првиот дел. Митревски исто така „царува“ на голот со осум одбрани, и тука е клучната разлика.

Инаку во првиот дел имаше и една мала турканица меѓу ракометарите, која беше завршена брзо. Салата во Битола е полна, а по првиот дел ги немаше гостинските навивачи „Комити“.

Се вчитува...