Франција и Холандија излегоа на мегдан во Лајпциг со најави за ефикасен фудбал. На теренот го видовме сосема спротивното, откако „галските петли“ и „лалињата“ и покрај создадените шанси не успеаја да постигнат гол, па овој меч ќе остане запаметен како прв што заврши со најнепопуларните 0-0 на ЕВРО 2024.
А лесно можеше приказната да биде сосема поинаква, доколку Фримпонг погодеше откако на самиот почеток излезе очи в очи со Мењон. Нешто подоцна францускиот голман го запре одличниот шут на Гакпо, а на спротивната страна Рабио и Гризман се сплеткаа во идеална позиција, додека Турам од седум метри откосо шутираше над голот.
Франција заигра подобро во второто полувреме, се пресели на противничката половина, но нападот на „триколорите“ не беше доволно ефикасен, а отсуството на Килијан Мбапе дефинитивно остави трага врз изданието на селекцијата предводена од Дидие Дешамп. Французите на крајот можат да бидат и среќни што освоија бод, ако се знае дека Холандија во 70. минута успеа да постигне гол против Чави Симонс, но беше поништен поради офсајд на Дамфрис.
И покрај обидите да победат, двете селекции на крајот може да бидат задоволни од освоениот бод, со кој си го обезбедија пласманот во осминафиналето, а во последната рунда (Холандија со Австрија, Франција со испаднатата Полска) ќе се борат за првото место во пресрет на нокаут разигрувањето на овој европски шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА