Златан го најави камбекот со луд потег на тренинг (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ е подготовен за враќање на терените по повредата на коленото со која се здоби во мај оваа година, а истото го најави со интересно видео од тренинг центарот каде постигнува несекојдневен гол.

Сепак, тоа не значи дека шведскиот голгетер ќе се појави на денешниот меч на Милан против Калјари, бидејќи тренерот Пиоли пред мечот изјави дека се уште е рано за камбек и истиот ќе се случи по репрезентатитивната пауза за септемврискиот прозорец.

Се вчитува...