Одегард држеше часови по фудбал – Арсенал кај Борнмут лесно до нови три бода

Арсенал по три одиграни кола во Премиерлигата има сто отстотен учинок откако денеска славеше на гостувањето кај Борнмут со убедливи 0-3. „Топџиите“ беа подобриот противник од почетокот до крајот, а го имаа расположениот Мартин Одегард кој беше енигма за противничките фудбалери.

Норвешкиот репрезентативец со два гола во 5. и 11. минута ја олесни работата на својот состав, а овој резултат остана на семафорот се до 73. минута кога стоперот Салиба упати фантастичен удар кон протвиничкиот гол кој долго ќе се врти по најавните шпици.

Одегард беше блиску и до асистенција во 73. минута кога маестрално асистираше до Жезус, но милиметарскиот офсајд не дозволи дуото уште еднаш да ја затресе мрежата на домаќините.

 

Се вчитува...