Одензе од минус седум до финале во женската ЛШ

Ракометарките на Одензе се втор финалист во женската Лига на шампиони, откако вечерва славеа во полуфиналето на фајнал-фор турнирот во Будимпешта против Мец со 29-31.

Французинките уште од самиот старт ја презедоа иницијативата и на полувреме заминаа со позитива од три гола (16-13). Мец одлично го отвори и вториот дел и брзо стигна до плус седум 20-13. Сепак, следуваше неверојатна серија на Данките кои десет минути не му дозволија гол на противникот и стигнаа на само минус еден 22-21.

Лошата игра на Мец продолжи и во следниот период, а во 54. минута Одензе првпат стигна и до водство 24-25. До крајот и двата тима играа во егал, па по 60 минути резултатот беше 27-27, а натпреварот замина во продолженија.

Таму, подобри беа Данките за конечене триумф од 29-31. Деила со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Жаке, Буктик, Грание и Грандеву постигнаа по пет гола.

Мец во финалето ќе се сретне со актуелниот шампион Ѓер, кој во првата полуфинална пресметка беше подобар од вториот дански клуб на турнирот, Есбјерг.

Се вчитува...