Лидерот во генералниот пласман, Марко Одермат е победник на велеслаломската трка која денеска се возеше во италијанскиот ски-центар, Алта Бадија.
Швајцарецот до победата стигна со вкупно време од 2:38.27 минути, што беше за 20 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Норвежанец, Хенрик Кристоферсен. Подиумот го надополни Словенецот, Жан Крањец со заостанување од 92 стотинки.
Најдобрите алспки скијачи се селат во Мадона ди Кампилјо каде на 22. декември ќе се вози слаломска трка која ќе биде последна пред божиќната пауза, по која заминуваат за Бормио каде на 28. и 29. декември ќе се возат последните трки во 2022 година во спуст и супервелеслалом.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА