Одермат доминантен на велеслаломот во Алта Бадија

Најдобриот алпски скијач на денешницата, Марко Одермат стигна до нова победа во Светскиот куп, откако денеска на доминантен начин славеше на велеслаломот во италијанскиот ски-центар Алта Бадија.

Швајцарецот до победата стигна со вкупно време од 2:31.45 што беше за 85 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Французино, Лео Анжено. Подиумот го надополни Александер Стен Олсен од Норвешка со заостанување од 88 стотинки зад времето на победникот.

Утре најдобрите алпски скијачи на денешницата на истото место ќе скијаат слалом.

Се вчитува...