Актуелниот лидер во светскиот куп Марко Одермат на доминантен начин стигна до победа на последната трка во светскиот куп во алпско скијање за 2022 година, во супервелеслаломот во италијанскиот ски-центар Бормио.
Швајцарецот до победата стигна со време од 1:29.27 минута, што беше за 64 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Австриец, Винсент Крихмајер кој славеше на вчерашната спуст трка. Подиумот го надополни вториот Швајцарец, Лоик Мејард со заостанување од 1.22 секунда зад времето на победникот.
Пред почетокот на денешниот супер-џи како гром од ведро небо стигна информацијата дека трикратниот олимписки шампион, Австриецот, Матијас Мајер става крај на професионалната кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА