Најдобриот скијач на денешницата, Швајцарецот Марко Одермат, на доминантен начин ја освои титулата светски супер-џи на Светското првенство во Залбах.
Одермат ја мина целта за 1:24,57 минути, точно една секунда побрзо од сребрениот Австриец Рафаел Хасер и 1,15 секунди од бронзениот Норвежанец Адријан Смисет Сејерстед.
За Одермат, трикратниот последователен освојувач на Големиот кристален глобус, ова е прв медал во супер-Џи, иако во последните сезони е на самиот врв на светот во оваа дисциплина, а доказ за тоа се двата мали глобуса освоени во последните две сезони и првото место во Светскиот куп сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

