Најдобриот скијач на денешницата Марко Одермат стигна до нова победа во сезоната во Светскиот куп во алпско скијање откако денеска победи на домашниот велеслалом кој се возеше во Аделбоден.
Одермат до победата стигна со вкупно време од 2:31.23 минути, што беше за 49 стоти делови од секундата подобро од натурализираниот Бразилец со норвешко потекло, Лукас Пинеиро Братен.
Подиумот го надополни Французинот Лео Анжено кој доцнеше 68 стотинки зад времето на победникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

