Одермат доминантно за крај на велеслаломската сезона

Швајцарецот Марко Одермат на доминантен начин триумфираше на последниот велеслалом во сезоната во алпско скијање кој денеска се возеше во францускиот Мерибел.

Швајцарецот до победата стигна со вкупно време од 2:10.40 минути, што беше за 49 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Норвежанец, Лукас Братен. Подиумот го надополни Лоик Мелард од Швајцарија со заостанување од 63 стотинки зад времето на победникот.

Од претходно Одермат ги имаше осигурано и големиот кристален глобус, како и малиот кристален глобус во велеслалом.

Се вчитува...