Швајцарскиот скијач Марко Одермат, со победа во саботниот велеслалом за Светскиот куп во Крањска Гора, го осигура освојувањето на Големиот кристален глобус втора година по ред.
Одермат во првото возење оствари значајна предност пред конкурентите, а потоа со седмо време во второто возење успеа да го обезбеди првото место за својата 21. победа во Светскиот Куп, а 10. во оваа сезона. Швајцарецот имаше време од 1:65.65.
Второто место му припадна на Алекис Пинтурао, додека трет беше Хенрик Кристоферсен. Крисферсен и натаму е во конкуренција а Малиот кристален глобус, но сега заостнува 140 бодови, па Одермат веќе во недела ќе може да ја обезбеди и таа титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА