Најдобриот скијач на денешницата Марко Одермат испиша нова историја откако стигна до шестата победа во супервелслалом сезонава и со тоа го урна рекордот кога е во прашање оваа дисциплина во светскиот куп.
Тој до победата на патеката во андорскиот Солде стигна со време од 1:23.91 минута што беше за 29 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Австриец, Марко Шварц. Подиумот го надополни Норвежанецот, Александер Омот-Килде со заостанување од 71 стотинка зад победничкото време.
Претходно Марко Одермат ја имаше потврдено победата во конкуренција на супер-џи, како и во генералниот пласман во Светскиот куп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА