Марко Одермат испиша историја во алпското скијање станувајќи само петти скијач што на едно Светско првенство успеал да стигне до златни медали во спуст и во велеслалом. Швајцарецот делуваше импресивно денеска на патеката, заслужено стигнувајќи до златото и приклучувајќи се на елитното друштво во кое досега членови беа само Тони Саилер (156 и 1958), Зено Коло (1950), Жан-Клод Кили (1968) и Аксел Лунд Свиндал (2007 година).
Одермат извозе одлично на денешните две велеслаломски трки, минувајќи ги за вкупно време од 2:34.08 минути. Втор заврши неговиот сонародник Лоик Меилар стигнувајќи до сребрен медал, додека бронзата ја освои Марко Шварц од Австрија, кој по првата трка имаше најдобро време, но по слабото второ возење мораше да се задоволи само со третата позиција.
Македонскиот репрезентативец Мирко Лазарески беше дел од оваа трка, но не оствари пласман откако не успеа да го финишира првото возење.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА