Одермат ја дочека првата победа во спуст

Во скратениот спуст, кој беше замена за една од откажаните трки во Бивер-Крик, славеше актуелниот светски првак Одермат пред Сарацин од Франција, и норвежанецот Килде.

Со тоа Одермат ја прекина сушната низа во спуст во Светскиот куп, и триумфираше после осум втори и три трети места. Швајцарецот во четвртокот на домашната трка во Венген ја освои првата победа во спуст.

Ова беше замена за трката во Бивек-Крик (САД) која беше откажана. Ова беше првата од четирите трки во Венген. Супервелеслаломот е на распоред во петок, додека класичниот спуст во сабота, а слаломот ќе се вози во недела.

Се вчитува...