Одермат ја забележа првата победа во кариерата на супервелеслаломот во Бивер Крик

Младиот Марко Одермат стигна до првата победа во кариерата во Светскиот куп, откако денеска триумфираше на вториот супервелеслалом сезонава кој се возеше во американскиот Бивер Крик.

Швајцарецот кој доминираше во јуниорските конкуренции, до воведната победа стигна со вкупно време од 1:10.90 минута, што беше за 10 стотинки подобро од второ пласираниот Андре Омод Килде од Норвешка. Подиумот го надополни Макс Мајер од Австрија со заостанување од 14 стоти делови од секундата зад победникот.

Во генералниот пласман првата позиција ја задржува Австриецот Мајер, кој е водечки по две трки и во супервелеслалом.

Се вчитува...