Одермат најбрз на велеслаломот во Вал Д’изер

Најдобриот алпски скијач на денешницата Марко Одермат на доминантен начин стигна до првата победа сезонава во Светскиот куп откако денеска во само втората трка годинава славеше на велеслаломот во францускиот Вал Д’изер.

Швајцарецот до победата стигна со вкупно време од 2:13.93 минути, што беше за 98 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Австриец, Марко Шварц. Подиумог го надополни изненадувачки Андорецот, Жоан Верду кој заостануваше 1.32 секунда зад времето на победникот.

Утре во Вал Д’изер на програмата е слаломската трка.

Се вчитува...