Актуелниот шампион во светскиот куп во алпско скијање Марко Одермат славеше на премиерната велеслаломска трка во новата сезона која утрово се возеше во австрискиот ски-центар Зелден.
Швајцарецот до победата стигна со вкупно време од 2:04.72 минути што беше за 76 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Словенец, Жан Крањец. Подиумот го надополни Хенрик Кристоферсен од Норвешка со заостанување од 97 стотинки зад времето на победникот.
За потсетување поради лошото време во Зелден вчерашниот женски велеслалом беше откажан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА