Одермат по петти пат го освои големиот кристален глобус во алпско скијање

Марко Одермат по петти пат е освојувач на големиот кристален глобус во Светскиот куп во алспко скијање. Неверојатниот Швајцарец го освои третото место на спуст трката во Куршевел, стигнувајќи до 1590 поени. На шест трки до крајот, тој има 632 поени повеќе од Бразилецот Пинеиро Братен.

Сега, на вечната листа, тој се израмни на второто место со легендарниот Марко Џиралдели, кој под знамето на Луксембург беше најдобар во вкупниот пласман пет пати. Марсел Хиршер е лидер со дури 8  пехари.

Покрај тоа, тој го обезбеди малиот кристален глобус во спуст. Марко е на добар пат да стигне до малите глобуси и во супер-џи и во велеслалом и уште еднаш да ја потврди својата доминација.

Спустот во Куршевел го освои Винсент Крихмаер. Ветеранот од Австрија стигна до целта за 1:47,26 минута, а тоа беше доволно за неговата јубилејна 20-та победа во кариерата.  Италијанецот Џовани Францони заврши на второто место.

Се вчитува...